-->
-->
Издадени 90 здравствени електронски картички за Крива Паланка и Ранковце
-->
Вкупно 90 здравствени осигуреници од општините Крива Паланка и Ранковце досега ги подигнале своите електронски картички од Подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување во Крива Паланка.
- Во нашата подрачна единица на 25 јануари пристигнаа нови 750 електорнски здравствени картички за лицата кои поднеле барање во изминатиот период, а се уште ги немаа добиено. Ние извршивме уредно известување до корисниците, но досега само на 90 лица им биле издадени картичките, додека остануваат 660 кои граѓани кои ќе треба да ги подигнат, информира Иван Златановски, од ПЕ на ФЗОМ, Крива Паланка.
Златановски информира дека од први февруари направени се дополнителни измени во Правилникот за формата и содржината на картичката за осигурување и за начинот на нејзиното издавање, водење, користење и доказот за платен придонес на задолжително здравстевно осигурување.
- Од први месецов сите деца до тригодишна возраст немаат потреба од посебна електронска здравствена картичка, бидејќи детето правата од здравствено осигурување ќе ги остварува преку еден од родителите, потенцира Златановски.
Апелира граѓаните навремено да ги подигнат картичките за да можат да ги активираат и користат. Активирањето на картичката се врши кај матичен лекар или во фондот при што се добива пин код за понатамошно користење и заштита.
Инаку, Фондот изготви нови 106.541 електорнска здравствена картичка за сите осигуреници од државата кои имале поднесено барања. Истите беа доставени до подрачните единици на ФЗОМ на 25 јануари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Македонија во силно сојузништво со Обединетото Кралство, промените се случуваат
-
Платини го брани Мбапе: Не го терајте да игра како Меси
-
Започнува продажбата на билети за Македонија - Белгија
-
Јунајтед исвиркан во Куала Лумпур, Аморим вели тоа може да биде корисно
-
Николоски по ратификацијата на договорот: Ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење
-
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран
-
Малолетник приведен за пет тешки кражби
-
Русија предлага втора рунда директни преговори со Украина во Истанбул в понедленик