Избрани 12-те финалисти за „Литературни искри“ - Гостивар
Жири комисијата ги избра авторите на најдобрите творби пристигнати на конкурсот за меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ кој наредниот викенд ќе се одржи во Гостивар.
Како што информира организаторот на фестивалот, Центарот за култура „АСНОМ“, во конкуренција за наградите се: Симона Ристеска (Прилеп), Вања Изова Велева (Струмица), Лара Миховилович (Словенија), Кристина Мерклер (Гостивар), Ива Пуовиќ (Скопје), Марина Јовановиќ (Србија), Соња Шијаков (Штип), Цветанка Колева (Кавадарци), Фросина Тасевска (Штип), Томислав Захов (Стар Дојран), Ирена Јурчева (Скопје) и Билјана Дејаноска (Гостивар).
Изборот го направи жири комисијата во состав: Вера Чорниј-Мешкова, претседател, како и членовите Јанко и Луан Зенки, информира организационот одбор на фестивалот, а наградите се: Гран при, прва, втора и трета, како и награда за најдобар странски автор и најуспешна млада искра. Ќе се доделат плакети и книги.
Според бодувањето на жирито, дел од поетите кои учествуваа на конкурсот ќе бидат застапени во заедничка збирка што ќе се промовира на манифестацијата.
Четвртото издание на „Литературни искри“ во Гостивар ќе се одржи на 20 мај со поетско читање на финалистите и соопштување на наградените, а се организира во чест на 24 мај, Денот на сесловенските просветители.
Ново на Сител
-
Ќе останат ли без фактори за коагулација лицата со хемофилија?
-
Предложената концепција за гимназиско е на штета на учениците и наставниот кадар
-
Наместо ТOЕФЛ, за јавни функции ќе важи и Б2 сертификат за познавање странски јазици
-
Трошок за еден пензионер го покриваат речиси двајца вработени, над 200 лица во ПИОМ земале плата, а не оделе на работа
-
Македонец меѓу екстремистите од терористичката ќелија која планирала напад врз цивили
-
Оставка на српскиот премиер
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат