Избран нов градоначалник на Истанбул по апсењето на противникот на Ердоган
Градскиот совет на Истанбул, каде што опозициската Републиканска народна партија има мнозинство, денеска избра вршител на должноста градоначалник, објави телевизијата НТВ, откако актуелниот градоначалник Екрем Имамоглу беше приведен под обвиненија за корупција што тој и неговите поддржувачи ги негираат.
Градскиот совет, кој брои 314 членови, го избра Нури Аслан за привремен градоначалник со 177 гласа.
Минатонеделното апсење на Имамоглу, најголемиот политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, предизвика најмасовни антивладини протести во Турција во изминатите десет години и резултираше со бројни апсења, откако стотици илјади граѓани излегоа на улиците на мирни демонстрации низ целата земја.
Вршителот на должноста ќе го води градот до крајот на мандатот на Имамоглу, додека тој го чека судскиот процес.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар
-
На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани
-
Протест во Кочани
-
Конструктивен состанок на лидерите на Вреди, блиску до заеднички настап на локалните
-
ССМ: Ни во синдикалната кошница нема алкохол и цигари, има само одмор во бунгалов во Дојран
-
Затворени четири угостителски објекти во Југоистокот поради недоследности во заштитата од пожари
-
Се зголемува интересот за тутунот кај нас, Македонија втора во светот по Турција за производство на ароматичен тутун
-
Детектирање на проблемот со булингот