Избори во Германија
Околу 60,4 милиони Германци денеска го избираат идниот состав на парламентот и индиректно идниот канцелар, кој ќе ја наследи Ангела Меркел.
Федералната изборна комисија ја одобри кандидатурата на вкупно 54 партии, но на изборите излегуваат 47 партии. Се натпреваруваат 6.211 кандидати, од кои 2.024 се жени.
Се очекува главната борба да ја водат конзервативните демохристијани (ЦДУ и ЦСУ) и социјалдемократите (СПД), кои во моментов заедно формираат голема црно-црвена коалиција, и опозициските Зелени. Тие три партии се единствените кои, надевајќи се на победа, официјално предложија свои кандидати за канцелар.
Покрај нив, во Бундестагот најверојатно ќе влезат и партии кои и сега имаат пратеници – Либералите (ФДП), крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) и партијата Левица.
Аналитичарите и даваат одредени шанси и на партијата Слободни избирачи, која на изборите фигурира како мала, иако има пратеници во парламентите на неколку германски федерални провинции, а во Баварија учествува и во покраинската влада.
Ново на Сител
-
Штети во Скопје по силното невреме
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден број пријави на штети по вчерашното невреме
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Вработување по стручност а не по етничка основа најавува новиот министер за дигитална трансформација
-
Да се постават табли на плажите кои не се безбедни
-
Преглед на вести од светот
-
Поплави во скопско