Избор на финалисти за националниот натпревар „Мајкрософт офис специјалист“
Основци, средношколци и студенти на возраст од 13 до 22 години заклучно со денеска имаат можност да се изборат за учество во финалето на вториот национален натпревар - Microsoft Office Specialist на Македонија, што ќе се одржи на 31-ви овој месец во Скопје.
Во финалето ќе влезат најдобрите 40, од кои 30 на ниво на цела Македонија и 10 од Скопје, според ранг листата, меѓу кои е и минатогодишниот победник Марко Марковиќ.
Се натпреваруваат преку официјални електронски испити од Microsoft Office апликациите, односно Word, Excel и Power Point едиција 2013 или 2016.
Победникот во финалето со најмногу бодови и најкратко време, заминува во Калифорнија, како директен учесник на Светскиот натпревар за Microsoft Office Specialist.
Спонзор на второто издание на Националниот натпревар за Microsoft Office Specialist е Стопанска банка ад Скопје, а поддржувачи се Министерство за информатичко општество и администрација на Семос Едукација, Microsoft Македонија, Здружението на информатичари на Македонија, Стопанска Банка ад – Скопје, LycaMobile, Град Скопје, Макпетрол, Масит, Инбох и Метрополис Радио Мрежа.
Ново на Сител
-
ИЈЗ: Годинава има најмногу болни од грип – наредниот период се очекува намалување на активноста на вирусот
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси