Македонија
29. August 2023 - 17:39

Избодено 22-годишно момче во Скопје

Дваесет и двегодишно момче синоќа било избодено во Шуто Оризари.

„Од Градската општа болница Св.Наум Охридски било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен С.Б.(22) од Скопје. Според пријавеното, настанот се случил во Шуто Оризари, а повредите му ги нанел З.Б..“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.