Спорт плус
22. April 2017 - 15:27

Ивановски: Презадоволен сум од резултатот и од настапот

19-годишниот атлетичар Дарио Ивановски со време на личен рекорд 1:10.00 час го освои првото место на полумаратонската трка на 30.то издание на Белградскиот маратон. Тој беше за 40 секунди побрз од второпласираниот Бојовиќ од Србија и воедно го подобри личниот рекорд поставен лани на Скопски маратон - 1:11.14 час.

По трката Ивановски изјави:
-   Презадоволен сум од постигнатиот резултат и од настапот, а голема благодарност и до мојот тренер Игор Јакимовски, кој исто така трчаше на оваа трка. Мал проблем претставуваше и ветрот, но се на се ова е одлично постигнување со поставен личен рекорд.
 
Ивановски е актуелен шампион на Македонија во полумаратон.