Иванов во Словачка на манифестацијата „Денови на Св. Кирил и Методиј“
- Претседателот Ѓорге Иванов денеска престојува во работна посета на Словачка по повод учеството на манифестацијата „Денови на Св. Кирил и Методиј“ во Терхова.
Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, ќе се обрати на традиционалната манифестација „Денови на Св. Кирил и Методиј“ и ќе присуствува на свечена литургија во катедралата Св. Кирил и Методиј - Брдо Оравцове, која претставува најголем храм во Словачка, посветен на сесловенските просветители.
Годинешната манифестација „Денови на Св. Кирил и Методиј“, на која се организираат повеќе културно-историски и духовни настани е посветена на десетгодишнината од основањето на Епархијата на Жилина, чии заштитници се Св. Кирил и Методиј.
Терхова во Жилина, е местото каде што во древната Велика Моравија, Светите Кирил и Методиј ја извршиле својата четврта просветителска мисија.
Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј - 5 Јули се прославува како државен празник во Словачка.
Ново на Сител
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради
-
Опозицијата обвинува за селективна истрага, власта вели одговорноста ќе има име и презиме
-
Посебен сообраќаен режим
-
Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства
-
Поддршка од Израел
-
Боре Видевски негира дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче