Иванов утре и задутре во работна посета на Бугарија
Претседателот Ѓорге Иванов утре и задутре ќе престојува во работна посета на Република Бугарија.
Според најавата, утре претседателот Иванов ќе ја посети Бугарската академија на науките (БАН) во Софија, каде ќе оствари средба со академик Стефан Воденичаров, претседател на БАН, и ќе одржи предавање на тема „Миграциите и мигрантите: предизвици за третиот милениум“.
На свечена церемонија, на претседателот Ѓорге Иванов, ќе му биде доделена титулата „Почесен доктор на науки“ на Бугарската академија на науките.
Предвидено е задутре македонскиот претседател да оствари средби со неговиот бугарски колега, Росен Плевнелиев, и со новоизбраниот претседател на Бугарија, Румен Радев, на кои ќе биде разговарано за севкупните билатерални односи меѓу двете земји и можностите за унапредување на билатералната и регионалната соработка.
Ново на Сител
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило