Иванов: Предрасудите се уште опстојуваат - Македонија не е закана за никого
Сегашниот грчки претседател нема јавен настап да не ја третира Македонија како боксерска вреќа, да удира по Македонија. Многу бавно се случуваат промените на Балканот. Предрасудите се уште траат и опстојуваат, но Македонија не е закана за никого. Опстојувањето на Македонија и овозможува на Грција да има политика во регионот, со која може да ја врати позицијата што ја имала, пред да влезат новите членки на Европската унија, вели Иванов во интервјуто на Хрватската Телевизија, одговарајќи на прашањето за македонско-грчките односи и дали има нови моменти во разговорите за името.
Иванов посочува дека не постои недоверба меѓу населението, но дека старата елита и старата генерација на политичари во Грција не дозволуваат реалноста која постои на терен да биде одраз и во политиката.
- Кога беше мигрантската криза, кога не беше Грција присутна на состаноците на Вишеградската група, јас ги застапував и ги бранев грчките интереси и барав да и се помогне на Грција во однос на мигрантската криза. Значи се создава една нова реалност која е сосем поинаква од таа што била во минатото, вели Иванов.
Во интервјуто за ХТВ, претседателот посочува дека на Балканот му е потребна моќта на отворениот простор преку европеизацијата, бидејќи само тогаш има мир, просперитет и благосостојба. Кога се затвора Балканот во своите географски граници, вели Иванов, тогаш се создаваат предрасуди, стравови и се отвораат прашања кои што се и сега актуелни во целиот регион.
- Ние сме жртви на таа затвореност. Од прашањето за разликата околу името се влезе и во прашањето за идентитетот. Се оспорува македонската нација, македонскиот јазик, македонскиот идентитет. Дури сакаат да го сменат и домејнот на интернет, затоа што е МК. Можете да замислите до каде оди работата, вели македонскиот претседател зборувајќи за спорот со името.
Иванов потсетува дека со Резолуцијата 817 во Обединетите нации, при приемот на Македонија било кажано дека постои разлика околу името на нашата држава и дека Република Македонија не е обврзана да го менува името, туку да најде решение за таа разлика.
- Но, кога требаше да влеземе во НАТО бевме блокирани. Затоа го отворивме случајот во Меѓународниот суд во Хаг и ја добивме пресудата. Сега никој не ја почитува таа пресуда на меѓународниот суд, во која се укажува дека Грција прекршила доброволно прифатен договор, кој е и меѓународен акт бидејќи е депониран во Обединетите нации. И сега во немоќта да се најде решение, се обвинува Македонија, вели шефот на државата. Значи, ве ставаат под вода, и ве обвинуваат дека вие сте виновни што се давите, метафорички заклучува претседателот Иванов во интервјуто за емисијата „1 на 1“ на ХТВ.
Ново на Сител
-
Според извори на Ен-Би-Си, американската војска планира да ги повлече силите од Сирија
-
ФТ: ЕУ се подготвува да ги погоди големите технолошки компании како одмазда за тарифите на Доналд Трамп
-
Мајк Џејмс стана првиот член на „клубот 5.000“ на Евролигата
-
УЕФА ја казни Рома и делумно го затвори стадионот Олимпико
-
Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродови лица да учествуваат во женски спортови
-
Панама негира дека ги прилагодува таксите за премин низ Каналот за американски бродови
-
Мицкоски и Перински на средба со новинари за теренските посети на општините „Каде срцето е дома“
-
Судски совет ќе формира комисија која треба да утврди дали имало пропуст во претходните судски постапки на обвинетиот Васил Јованов