Иванов: Потребно ни е образование што ќе создава луѓе за третиот милениум
Преку интернетот и новите технологии, знаењето од целиот свет ни е на дофат. Потребно ни е образование што ќе создава луѓе за третиот милениум, рече попладнево претседателот Ѓорге Иванов на отворањето на 21. Евроазиски економски самит што се одржува во Истанбул.
Во обраќањето, Иванов потенцира дека на Самитот ќе стане збор за влијанието на дигиталната трансформација врз политиката, државите, економијата, енергетиката.
- Темата на годинешниот самит е „Дилемата на нашиот век: Технологија наспроти политика“. Ќе дискутираме за сето она што ги очекува нашите држави и општества, а тоа е влијанието на дигиталната трансформација врз политиката, државите, економијата, енергетиката. Ќе зборуваме за пресоздавањето на градовите од старомодни во паметни градови, подвлече шефот на државата.
На отворањето на Самитот, премиерот на Турција Бинали Јилдирим му додели награда на Иванов за неговото 10-годишно учество на Евроазискиот економски самит.
Иванов и Јилдирим имаа и средба на која разменија мислења за севкупните билатерални односи и за актуелните состојби во двете земји и во регионот. Констатираа дека Македонија и Турција негуваат традиционално пријателски односи. Воедно се согласија за потребата од продлабочување на економската соработка и интензивирање на трговската размена.
Македонскиот претседател, како што соопшти неговиот Кабинет, се заблагодари за принципиелната поддршка на Турција за членство на Македонија во НАТО, истакнувајќи дека поканата за членство ќе биде дополнителен поттик за реформските процеси во земјата и ќе создаде огромни придобивки за долгорочната стабилност и безбедност на регионот.
Иванов во рамки на Самитот ќе оствари средба со претставници на Стопанската комора на Македонија и со турски бизнисмени на која ќе има обраќање заедно со претседателот на Coјузот на стопански комори и берзи на Турција Рифат Хисарџиклиоглу. Утре ќе се обрати на претседателската сесија на 21. Евроазиски економски самит, а денеска се сретна со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј
Ново на Сител
-
Во Скопје пронајдена дрога кај две млади лица
-
Мицкоски: Наместо за нешто друго, сега државата ќе мора да враќа 50 милиони евра за нечии хирови
-
Пратеник од Западна Австралија го смени своето име во Оси Трамп
-
Познатата глумица Блејк Лајвли повторно обвинета за клевета
-
Русија и Украина извршија напади врз воени аеродроми
-
Барак: Планот на Трамп за Газа е „фантазија“
-
Три лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетник
-
Продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, со услови за магла во котлините