Иванов-Плевнелиев: Да се интензивираат преговорите за договорот за добрососедство
Бугарија е подготвена во секој момент да излезе со поддршка за Македонија и во НАТО и во европските интеграции. За преговорите за договорот за добрососедство заеднички став на двајцата претседатели е дека треба да се вклучат и самите министри за надворешни работи, со цел договорот поскоро да се финализира, изјави денеска во Софија македонскиот претседател Ѓорге Иванов по средбата со неговиот бугарски колега Росен Плевнелиев, јави известувачот на МИА.
- Имавме одлична средба со претседателот Плевнелиев во конструктивен дух, со многу начини како да дојдеме до решение за прашања како што е договорот за добрососедство кој се уште, за жал не е затворен. Затоа заземавме став да се вклучат министерствата, па дури и министрите директно за конечно таа работа да се затвори која на некој начин е препрека и за другите иницијативи кои ги имаме меѓу нашите две земји. Бугарија е подготвена во секој момент да излезе со поддршка за Македонија и во НАТО и во европските интеграции. Затоа што заеднички констатирвме дека може на се да влијаеме, но не и на географијата. Ние сме биле и остануваме соседи, народи кои живеат и делат еден ист простор кој се соочува со исти предизвици, особено сега со бегалската криза која го оптоварува целиот регион, рече Иванов.
Тој, како што рече, охрабрен од искажувањата на бугарскиот претседател очекува интензивирање на соработката меѓу двете земји.
- Затоа не охрабрува сето она што го кажа претседателот Плевнелиев дека многу од идеите и иницијативите кои ги изложивме се прифатливи и дека веројатно не чека еден период со Бугарија кога ќе имаме навистина прогрес во сите сфери. Бугарија е четврти-петти трговски партнер на Македонија, и тоа со ваква каква што имаме инфраструктура дојдовме до тоа ниво во економијата. Истото не очекува следниот период да се случи и во политичките односи затоа што навистина имаме меѓусебна доверба и начин на комуникација како што доликува на два први соседи, рече Иванов.
Во однос на спогодбата за добрососедски односи шефот на државата истакна дека очекува да се интензивираат разговорите по локалните избори во Бугарија кои се закажани за 25 октомври.
- Претстојат локални избори во Бугарија. Веројатно тоа ќе се случи по изборите. Изборите се време на кампањи, на различни интерпретации. Веројатно тоа што го очекуваме би требало да се случи по завршувањето на локалните избори во Бугарија кога работните групи, но и самите министерства ќе ја интензивираат соработката. Напредок има, но станува збор за разлики по основ на нијанси во формулациите, вели претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот
-
Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП 2027
-
Мерц: ЕУ ќе воведе построги санкции кон Русија доколку неделава во Истанбул нема напредок во преговорите
-
Рјабков: Русија и Украина би можеле во Истанбул да разговараат за одржлив мир
-
Сакајте се така ќе ги сакате и другите | Даниел Трбогазов | Личен развој |Sitel Podcast 094
-
Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене
-
Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра
-
Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите