-->
-->
Италијанецот Браида нов кондициски тренер на македонската кошаркарска репрезентација
-->
Џакомо Браида, ќе биде новиот кондициски тренер на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија.
Ова денеска го потврди Кошаркарската федерација на Македонија.преку кратко соопштение на својата веб страна, во кое се вели: „МКФ за потребите на едукација на својот тренерски кадар, со специфичен акцент на физичката подготовка го ангажира Италијанецот Џакомо Браида, кој доаѓа по консултациите со Сандро Беркардино, докажаниот пријател на македонската кошарка, во тој дел на работата“, се вели во денешниот соопштение на Куќата од кошарката.
Инаку Браида кој е искусен стручњак, воедно и тренер во италијанскиот прволигаш Удинезе, МКФ го ангажираа на препорака на Сандро Бенкардинот, тренерот кој беше дел од нашиот национален тим кога беше остварено историското четврто место на ЕП 2011 во Литванија.
Селекторот Александар Џикиќ почетокот на подготовките ги закажа за 25 јули, кога се очекува појавувањето на новиот стручњак за кондициска подготвеност од Италија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ
-
Гаши поднесе оставка во Алтернатива, утре ќе биде избран за собраниски спикер
-
Заседава раководството на СДСМ - Ковачевски нема да се кандидира, неколкумина подготвени да влезат во трка
-
ДИК го отфрли приговорот на ДУИ
-
Претседателката ќе го почитува Уставот
-
ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ пред финален договор - распределени министерствата и претседател на Собранието
-
ДИК одлучува за гласањето во Желино
-
Пукање на Пластичарска: Еден загинат, двајца ранети