Италија планира лекување на заболените од Ковид-19 со антитела на излекуваните
Италијанските лекари планираат да почнат со користење крвна плазма од оние кои оздравеле од Ковид-19, за да им помогнат на најтешко заболените во болниците.
Во текот на речиси еден месец Италија имаше повеќе смртни случаи од коорнавирус од било која друга земја во светот, но сега лекарите се надеваат дека ужасното страдање на луѓето од оваа земја ќе го свртат во друг правец, пренесува Си-Ен-ЕН.
-Од ова може да произлезе нешто добро, изјави др. Фаусто Балданти.
Тој додаде дека Италија имала толку голема епидемија да сега ја има полната потенција на донаторите.
Луѓето кои заздравеа од инфекцијата или кои се позитивни на вирусот, но не покажале симптоми, развиваат антитела во крвната плазма. Тие антитела можат да се вбризгаат кај друг заболен, каде можат да помогнат во неутрализацијата на вирусот во телото на примателот.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи