Истражување на ХОПС за децата и младите во ризик
Здружението ХОПС – Опции за здрав живот-Скопје денеска ќе ги промовира резултатите од истражувањето „Децата и младите во ризик во Република Македонија – рамноправни членови на социјалната држава или категорија за креирање фиктивни политики?“.
Истражувањето е спроведено во втората половина од 2016 година и содржи анализа на достапните сервиси и националните политики поврзани со социјална и здравствена заштита, образование, вработување и безбедност за повеќе категории групи.
Како што информира ХОПС, со истражувањето биле опфатени деца и млади без родители и родителска грижа, во конфликт со законот, кои употребувале или сè уште употребуваат психоактивни супстанции, кои потекнуваат од семејства што имаат историја на користење психоактивни супстанции и/или се во конфликт со законот, како и деца и млади Роми.
Акцент ќе биде ставен на состојбата и предизвиците со кои се соочуваат малолетниците кои употребуваат психоактивни супстанции во системите за здравствена и социјална заштита во Македонија, како и искуствата од теренската работа на ХОПС со овие деца.
Ново на Сител
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени
-
Четворица обвинети за инцидентот со пукање со пиштол во Чаир во кој едно лице беше рането
-
Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 27 јануари
-
Косовец се обидел да пренесе 48.000 пара чорапи преку Блаце
-
37-годишник загина во пожар во сопствената куќа во Делчево
-
Скопје без парно, родители добиваат повик да си ги земат децата од училиштата и градинките
-
„Не апсеа и казнуваа по 173 евра за знамето со сонцето од Кутлеш“, сведоштва на македонски навивачи во Вараждин
-
Поскапуваат горивата