Истрага против дилер на дрога во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека донело Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ЈОРСМ, откако месецов неовластено заради продажба од засега непознато лице набавил наркотична дрога – хероин и марихуана, осомничениот заради продажба ги држел, ги мерел, ги дробел и ги препакувал во својот дом на улицата “Васил Ѓоргов” во Скопје.
- На 7 февруари, при претрес во домот му биле пронајдени две пакувања марихуана со вкупна нето маса од 35,46 грама, како и петнаесет пакувања хероин со вкупна нето маса од 13,49 грама. Во станот биле пронајдени и апарат за мелење шеќер на кој има остатоци од кокаин и хероин, бидејќи го користел за дробење и ситнење на дрогата во прашкаста материја, дигитална вага на која ги мерел наркотичните дроги, како и други предмети со траги од дрога кои ги користел за мешање.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да го повтори делото, но и да ја попречува постапката со влијание врз сведоци и евентуални соучесници, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Руско МНР: Европа нема право да учествува во преговорите за Украина
-
Со инвестиција од над една милијарда евра во енергетиката во земјава влегува турската групација „Казанчи Холдинг“
-
Во Белград протест на просветните работници, а студентите од различни градови пешки тргнаа кон Ниш
-
Со помош на изработен лажен клуч, две лица провалиле во стан во Скопје и одзеле 250 евра и накит
-
Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ за гласањето за резолуцијата во ОН
-
Две заторенички физички се пресметале во КП Идризово, едната се здобила со тешки телесни повреди
-
Пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за четворица струмичани од Комуналец
-
Таравари најавува законски измени за департизација на здравството