Истополовите машки парови во Грција законски немаат право да добијат дете со помош на сурогат мајка
Можноста истополовите машки парови во Грција да добијат дете со помош на сурогат мајка, законски целосно ќе биде забрането со измените што денеска ги соопшти министерот за правда на Грција Јоргос Флоридис, а се однесуваат на одредени одредби на постоечки закон кои биле погрешно толкувани, јави дописничката на МИА од Атина.
Флоридис го претстави новиот предлог-закон што предвидува низа промени, меѓу кои и оние што се однесуваат на семејното право.
Поконкретно, со амандман истополовите машки парови или мажи кои се сами нема да имаат право на родителство преку сурогат мајчинство и според министерот „не претставува медицинска неспособност неможноста за забременување поради пол“.
Дополнително, како што објавија грчките медиуми, министерот објаснил дека иако и актуелниот закон не предвидува истополовите машки парови да добијат дете преку сурогат мајка, сепак некои судови издале спротивни одлуки за конкретното прашање.
– Имавме жалби до судовите од мажи кои се или самци и во пар и побараа да им се даде дозвола да станат родители преку сурогат мајка. Првостепениот суд прифати, обвинителот достави жалба, а Апелацискиот суд рече не, објаснил Флоридис и додал дека со актуелното толкување на одредбата „Грција е во опасност да стане земја на трговија со сурогат мајки со претходното толкување“.
Истополовите бракови во Грција од лани се легализирани, откако соодветниот закон беше изгласан од грчкиот Парламент.
Ново на Сител
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон
-
Инзаги: Интер е во полуфиналето на ЛШ, па не би рекол дека сега сме во тежок период
-
Кацигата на Аиртон Сена продадена за рекордна цена на аукција
-
Тен Хаг или Чави би можеле да го заменат Чаби Алонсо во Баер