Истекува рокот за пријавување за гласање во домашни услови за изборите во Маврово и Ростуше, Центар Жупа, и за Совет на Тетово
– Рокот за пријавување за гласање во домашни услови за болни и немоќни лица и оние кои се во изолација за изборите за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на Општина Тетово истекува денеска. Гласањето за овие лица е на 19 август, а изборите ќе се одржат на 20 август.
Тие треба да се пријават или електронски во Општинската изборна комисија или преку овластено лице.
Бидејќи денот на одржување на изборите е сабота, овие лица треба да гласаат во петок на 19 август, во работен ден.
– Со оглед на тоа што гласањето е во работен ден, сите членови на избирачките одбори, треба да бидат ослободени од работни обврски и општинските комисии треба да им дадат потврда која треба да ја однесат на работа, изјави потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху.
На 19 август, петок, ќе гласаат и затворениците.
Изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Центар Жупа и Совет на Општина Тетово треба да се одржат на 20 август.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива