Живот
18. October 2017 - 11:09

ИСПОВЕД: Го успивав бебето, кога на телефонот на сопругата пристигна порака од нејзиниот љубовник за…

Една од потресните исповеди за прељуба кои кружат на интернет потекнува од маж кој дознал дека неговата жена не му е верна во многу незгоден момент – додека го успивал нивното мало бебе…

„Го позајмив телефонот на сопругата да пуштам музика додека го успивам бебето, кога пристигна порака од некој фраер како сексот бил бомбастичен и дека едвај чека да се видат повторно, што одам на терен.

Фасцинантно е што жената со месеци ми ги покажува Фејсбук и Вибер и ми дава лозинки и сè, но тие се допишувале на Линкедин.

Се уште размислувам како да реагирам бидејќи имаме бебе од 10 месеци, ме боли кога дишам, колку ми е тешко бидејќи живеам за неа и за нашето дете“.