Испад на далекувод причина за прекинот на струја во Скопје
Испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица, беше причина за прекин на снабдувањето со електрична енергија во поголем дел од Скопје, делови од Велес и Овче Поле. Овие два фактори го условија испаѓањето од погон на двата 400/110 кV трансформатори, а со тоа и испадот на целата трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија, соопшти вечерва АД МЕПСО.
– Диспечерите на АД МЕПСО во најбрз може рок воспоставија напон во најголем дел од населените места и таму е нормализирано снабдувањeто со електрична енергија. Дефектите се изолирани и се работи на нивно отстранување. Во оваа прилика АД МЕПСО ги информира граѓаните дека и во текот на вечерва се можни краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија но единствено во насока на сoздавање услови нашите стручни екипи да ги отстранат преостанатите дефекти, се наведува со соошштението од АД МЕПСО.
Речиси цело Скопје беше без електрична енергија вечерва од 17:15 до 18:00 часот. Струја немаше во Центар, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
Во Лос Анџелес уапсени 20 лица поради кражби
-
Министерот Тошковски ќе отвори нова канцеларија на управните служби во Желино
-
Финска има намера да го продолжи затворањето на границата со Русија
-
Во Берово најстудено, најтопло во Гевгелија
-
Најмалку десетмина загинати во пожарите во Лос Анџелес
-
Истрага за изнуда и палење автомобил во Штип против двајца соизвршители, определен притвор
-
Без струја дел од корисниците на бул. „Илинден“ во Карпош и во Црниче, Кисела Вода
-
Пратениците ќе расправаат за интерпелациите против Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути