-->
-->
Исланд го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО
-->
Парламентот на Исланд попладнево го ратификуваше Протоколот на Северна Македонија за членство во НАТО.
– Веста за 26. ратификација на Протоколот за членство во НАТО, во парламентот на Исланд, ја добив во Брисел, на состаноците на Северноатлантскиот совет. Благодарам за доследноста. Денеска имав успешни средби и со грчкиот колега, Никос Панагиотопулос, со министерот за одбрана на Естонија, Јури Луик, и со помошник генералниот секретар Патрик Тарнер. Членството во НАТО станува реалност #WeAreNATO, напиша вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил.
Преостанува уште три земји да го ратификуваат Протоколот за нашето членство во НАТО. Се очекува тоа наскоро го сторат уште Франција, Холандија, и Шпанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта