Исчистен одронот кај Долно Косоврасти, сообраќајот нормализиран
Исчистен е големиот одрон на патниот правец Дебар – Маврово, делница Дебар – село Долно Косоврасти, и сообраќајот е нормализиран.
Одронот од околу 50 кубни метри камен и земја кој беше паднат на коловозот во 9 часот, беше исчистен за три часа со максимална ангажираност на вработените на дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патни правци.
– Поради одронот кратко сообраќајот беше во прекин а сега истиот е целосно нормализиран. Поради обилните дождови, изминатите два дена, чести, но, помали одрони, има долж сите патни правци кои се под наша надлежност. Затоа препорачуваме внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација, апелираат од секцијата.
Под надлежност на дебарската секција се делницата Дебар-Жировница, на патот кон Маврово, Дебар-Глобочица, кон Струга, патот Мелнички Мост – Центар Жупа, кракот од Бошков мост кон селата од Мала Река, како и патот кон граничниот премин „Блато“ или во вкупна должина од околу 120 километри.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето