Исчезнато дете во САД пронајдено живо и здраво по 13 години
Едно американско дете, кое на петгодишна возраст исчезна од сојузната држава Алабама, по 13 години е пронајдено живо и здраво.
Во 2002 година, малиот Џулијан Хернандез, не се врати од училиштето во својот дом, па локалната полиција започна со потрага, стравувајќи дека детето можеби е грабнато, а потоа и убиено.
Откако не беа најдени никакви траги дека детето настрадало, полицијата го прогласи Хернандез за исчезнат.
Сега како 18-годишен тинејџер, полицијата откри дека цело време живеел заедно со својот татко, во Кливленд, во сојузната држава Охајо.
Разврската на случајот почнала на 30 октомври, кога ФБИ одбиле соопштение дека детето што се води како „исчезнато“ уште од 2002 година, не е мртво.
Пријавата била добиена од правниот советник на Универзитетот каде Хернандез се пријавил со намера да ги полне студиите.
Универзитетски власти се соочиле со проблемот околу неговиот број за социјално осигурување, па започнале да истражуваат и притоа дошле до податок дека тинејџерот што се пријавил за студии и детето што го нема веќе 13 години е една иста личност.
Интервенирала полицијата, која го уапсила теткото, Боби Хернандез, кој е задржан во притвор, со обвинување за киднапирање на сопствениот син, но и за фалсификување на документите на детето.
Полицијата во Алабама, која на времето се сомневала дека детето не е киднапирано, туку дека е грабното од сопствениот татко, но не успеа да обезбеди докази за тоа, сега потврди дека 18 годишниот бруцош и малечкиот Џулијан Хернандез, се една иста личност.
Неговата мајка се уште се опоравува од силниот шок, кога разбрала дека синот кого веќе го прежалила, е жив и здрав и живее во САД.
Ново на Сител
-
Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: Украински области заземени од Русија во замена за Курск
-
Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон
-
Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа
-
Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
-
Запленети 4,5 кг кокаин - приведени две лица
-
Паника во Измир, морето се повлече повеќе од 200 метри
-
Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо
-
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител