Исчезнато 3-годишно дете во Буково најдено среде река, го одвел непознат човек
Веста дека во средата во 11.40 часот од дворот на семејната куќа во битолско Буково исчезнало три ипол годишно дете, кое било пронајдено по околу три часа, ја вознемири јавноста. Претседателот на Месната заедница Буково, Горан Кабровски, момчето било пронајдено како стои среде река, а на родителите и на полицијата им раскажало дека возрасен маж го зел од дворот и го однел во шумата, пишува „Фокус“.
Кабровски информирал дека таткото на момчето бил негов пријател, и веднаш штом забележале дека го нема, му се јавиле телефонски, бидејќи тој имал дрон. Тој пак, ги алармирал сите сожители, и за кратко време се собрало доста народ пред куќата на момчето.
- Бев во Битола кога го добив повикот од вознемирениот татко. Се вратив веднаш во Буково, дојдоа многу луѓе, дојдоа од горската служба, веќе започнавме со потрагата, полицијата дојде потоа. Тоа беа моменти на огромен страв, родителите беа избезумени од грижа. Поради густите грмушки, со дронот не можевме да видиме ништо. Местото каде дури во 14 часот го најдовме детето, како стои среде река, која за среќа не е многу длабока, пред тоа неколкупати го пребаравме. Се создаде голема паника помеѓу мештаните, тоа беа многу лоши сцени. Момчето не зборува македонски, туку германски, и потоа, откако го најдовме, преплашено му раскажа на татко му што се случило, кажа Габровски.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција