-->
-->
Исчезнаа 6 Непалци кои работеле во Свети Николе и Пехчево
-->
Исчезнаа 6 Непалци кои работеле во Свети Николе и Пехчево.
- На 16.07.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Свети Николе, В.М.(34) од Свети Николе, управител на приватна фирма од Свети Николе пријавил дека петмина негови вработени – лица од Непал, со привремен престој во Свети Николе, на возраст од 27 до 38 години, го напуштиле местото каде што престојувале, соопшти МВР.
Нешто подоцна истиот ден во 12.10 часот во ОВР Берово, Д.В.(44) од Берово, раководител на правен субјект од Пехчево, пријавил дека нивен 38-годишен вработен од Непал, со привремен престој во Пехчево, се оддалечил од местото каде што престојувал.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велешанец на граница фрлил кутија од цигари во која имало дрога
-
Девојче, жена и маж се повредени – со возило излетале од пат кај Страцин
-
Папа Франциск: Трамп и Харис се „против животот“, гласајте за „помалото зло“
-
Столтенберг: НАТО можеше да стори повеќе за да се спречи војната во Украина
-
Приведен прилепчанец затекнат при кражба во викендица
-
Искрење од жици, запалена трева, стрниште и плевна причини за пожари - кривични за 4 битолчани
-
Формирано ново одделение за сериозен и сложен криминал во ОЈО Скопје
-
Потпишан Меморандум за соработка на централните банки на Македонија и Косово