Македонија
31. March 2024 - 16:43

Исчезна девојка од Албанија

Се бара Ени другарка ми, ве молам споделете.

Исчезна  20 годишна девојка во околината на Скопје. Се работи за државјанка на Албанија, студентка на економскиот факултет во Скопје. Енкеледа Чела е висока 160цм, има црвено кафена боја на коса, кафени очи и носи протези на горните заби. Апел за помош на фејсбук сподели нејзината пријателка, која наведува дека девојката последен пат била забележана на бензиската пумпа во населба Илинден, вчера утрото помеѓу 5 и 7 часот,  облечена во фармерки, црна јакна а со себе носела ранец.

Оваа објава веќе кружи на социјалните мрежи. Информацијата ја потврдија и од МВР од каде велат дека 20 г девојче вчера е пријавена за исчезната и се преземени мерки за нејзино пронаоѓање..

Таа престојувала во населбата Илинден а според информациите од нејзините роднини таа е стипендист на македонската влада и е втора година на економски факултет. Средното образование го завршила во Охрид. Во Скопје веќе пристигнале нејзините родители по инфомацијата дека по нејзе се трага.

Енкеледа Чела е македонка од селото Требиште, Голо Брдо.