Ирскиот премиер Енда Кени го призна поразот на изборите
Ирскиот премиер Енда Кени го призна поразот, откако прелиминарните резултати на парламентарните избори покажаа дека се намалила поддршката на неговата партија на десниот центар Фине Гел и нејзиниот коалициски партнер, Лабуристичката партија.
- Јасно е дека Фине Гел и лабуристите нема да се вратат на власт и дека сега уште треба да се почека сите гласови да бидат пребројани за да видиме, кои опции мораме да ги разгледаме, рече Кени за ирската телевизија РТЕ.
Пребројувањето на гласовите почна денеска, а конечните резултати се очекуваат утре.
Оваа ситуација покажува дека Ирска или ќе има Парламент во кој ниту една партија нема мнозинство или ќе следува сојуз меѓу традиционално ривалски политички партии.
Додека партијата на Кени освои многу помалку гласови, од што се очекуваше, противничката републиканска партија Фиана Фаил освои 21,1 отсто. Овие две партии никогаш досега не соработувале во Владата.
Ново на Сител
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада