Ирина Шајк – најпопуларната бикини-манекенка за ова лето
За Ирина Шајк последниве неколку седмици беа тешки, откако раскина со холивудскиот глумец Бредли Купер. Но, 33-годишна манекенка тукушто е прогласена за најдобар модел за костими за капење на светот, пред Алесандра Амброзио и Емили Ратајковски. Манекенката која е мајка на едно дете се најде на врвот на овогодината листа „Кралици на костимите за пливање” (Queens of Swimwear), којашто ја состави компанијата за долна облека и костими за капење – Блубела, врз основа на тоа колку манекенките се ппуларни на социјалните мрежи. Така, Ирина заработува до 60.000 фунти по објава на Инстаграм, каде што позира за брендови како што се Луј Витон и Хунза Г. „Ангелот на “Викторија”, Алесандра Амброзио (38) е на второ место. Бразилката просечно добива околу 150.000 допаѓања по објава на Инстаграм, а покрена и свој моден бренд костими за капење – ГАЛ Флорипа. Емили Ратајковски (28), која има 23,3 милиони следачи на Инстаграм, е трета на листата.
Следува топ 10 листата:
1. Ирина Шајк
2. Алесандра Амброзио
3. Емили Ратајковски
4. Ешли Грејм
5. Кендис Сванпол
6. Роузи Хантингтон-Вајтли
7. Џазмин Тукс
8. Лаиш Рибеиро
9. Нина Агдал
10. Лупе Фуентес.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени