-->
-->
Иранските реформатори можно е да ги добијат сите 30 места во Техеран на парламентарните избори
-->
Коалицијата „Листа на надежта“ на реформаторите и умерените приврзаници на претседателот Хасан Рохани е на пат да ги освои сите 30 места во Техеран на парламентарните избори, согласно резултатите од пребројувањето на околу 90 отсто од гласовите, јави Иранската државна телевизија.
Лидерот на листата на конзервативците, Голам Али Хадад Адел, поранешен претседател на Парламентот е на 31. позиција и го загуби парламентарното мнозиство во главниот град, покажуваат неофицијалните резултати, објавени од Министерството за внатрешни работи.
Иранците в петокот гласаа на парламентарни избори, како и за членови на Собранието на експертите, орган, кој го избира врховниот лидер на земјата.
Конечните резултати ќе бидат познати следните денови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Татјана Димитровска ја поднесе оставката до Собрание
-
Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини - спречен влез на мигранти
-
Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во реката Вардар
-
Пожарот на планината Плачковица се гаси од воздух
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци, 51 санкционирани возачи на мотоцикли
-
Приведени возачи од Битола и ресенско, возеле со 1,87 и 1,86 промили алкохол во организмот
-
Без активно жариште пожарот на Кипар
-
Активни седум пожари - гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, стрништа