Иранскиот Парламент го изгласа нуклеарниот договор
Иранскиот Парламент денеска го усвои историскиот нуклеарен договор постигнат со светските сили, со што заврши дебатата во Иран за тој документ и е отворен патот за негова формална примена.
„За“ Договорот гласаа 161 пратеник, „против“ се изјаснија 59, а 13 не гласаа, објави иранската новинска агенција ИРНА.
Парламентот, исто така, изгласа дека инспекторите на меѓународната заедница ќе имаат само ограничен пристап до воените локации во Иран.
Договорот што на 14 јули, по повеќегодишни преговори, беше постигнат меѓу Техеран и претставниците на шесте светски сили предвидува укинување на санкциите за Иран во замена за ограничување на иранските нуклеарни активности.
Советот за безбедност на Обединетите нации од 2006 до 2015 година усвои седум резолуции со кои од Техеран се бара да престане да произведува збогатен ураниум, кој може да се користи за цивилни потреби, но и за производство на нуклеарни бомби.
Иран тврди дека нуклеарната програма е исклучиво за цивилни цели односно за производство на електрична енергија.
Ново на Сител
-
Прв Интернационален Филм Фестивал за Арт Терапија во Скопје
-
Андоновски: Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлине игри на среќа
-
Зајакнување на соработката меѓу армиите на Македонија и на Унгарија
-
Јаневска: На 1 септември ќе ги има сите учебници | ВИДЕО
-
„Ниту една казна нема да биде доволно“ - Обвинителството бара доживотен затвор за убијците на Вања и Панче
-
Во домот на напаѓачот во Грац пронајдено проштално писмо
-
Илјадници протестираа во Њујорк против имиграциската политика на Трамп
-
Турската полиција уапсила над 270 криумчари и над 1.000 илегални мигранти во последниве две недели