Иранскиот Парламент го изгласа нуклеарниот договор
Иранскиот Парламент денеска го усвои историскиот нуклеарен договор постигнат со светските сили, со што заврши дебатата во Иран за тој документ и е отворен патот за негова формална примена.
„За“ Договорот гласаа 161 пратеник, „против“ се изјаснија 59, а 13 не гласаа, објави иранската новинска агенција ИРНА.
Парламентот, исто така, изгласа дека инспекторите на меѓународната заедница ќе имаат само ограничен пристап до воените локации во Иран.
Договорот што на 14 јули, по повеќегодишни преговори, беше постигнат меѓу Техеран и претставниците на шесте светски сили предвидува укинување на санкциите за Иран во замена за ограничување на иранските нуклеарни активности.
Советот за безбедност на Обединетите нации од 2006 до 2015 година усвои седум резолуции со кои од Техеран се бара да престане да произведува збогатен ураниум, кој може да се користи за цивилни потреби, но и за производство на нуклеарни бомби.
Иран тврди дека нуклеарната програма е исклучиво за цивилни цели односно за производство на електрична енергија.
Ново на Сител
-
Се уште гори на две локации - во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес
-
Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
-
Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца
-
Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји
-
Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен