Свет
3. January 2018 - 23:38

Иран ја укинува забраната за Инстаграм и Телеграм

Иранските власти од 5 јануари ќе ја укинат забраната за користење на социјалните мрежи Телеграм и Инстаграм, воведена привремено за време на антивладините протести, изјави пратеникот Алиреза Рахими, јави ИРНА.

Антивладините протести почнаа на 28 декември во вториот по големина ирански град Машад, првично против зголемување цени, а подоцна се проширија и во други градови. Во судири со полицијата загинаа најмалку 20 луѓе, а повеќе од 450 демонстранти се приведени.