Ирак сo закон за амнестија може да ослободи до 30.000 осудени лица, па и оние за напади врз американските војници
Ирачкиот парламент усвои закон за амнестија со кој може да се ослободат илјадници затвореници, вклучително и Ирачани осудени за напади врз американски војници и луѓе кои се бореле за Исламска држава, соопштија денеска од собранието Багдад, јавија британските медиуми.
Законот предвидува осудените за тероризам да можат да бараат повторно судење доколку тврдат дека нивното признание било добиено со принуда.
Извори во судството, како и пратеници, потврдија дека од овој закон можат да имаат корист и оние кои се осудени за напади врз американски војници во Ирак.
Британските медиуми јавуваат дека за закнот се залагаат пред се сунитските пратеници во ирачкиот Парламент бидејќи многу од осудените за такви злосторства се сунитски муслимани.
Според проценките на сунитските пратеници, врз основа на овој закон повторени судења ќе можат да добијат најмалку 30.000 сунитски осуденици
Ново на Сител
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за унгарскиот кредит, сумата ќе надмине 250 милиони евра
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Паднов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените