Ирачките демонстранти го запалија иранскиот конзулат во Наџаф
Антивладините демонстранти во ирачкиот град Наџаф вчера го запалија иранскиот конзулат во овој град, а силите за безбедност во другите делови од земјата убија шестмина демонстранти, соопштија ирачки официјални претставници.
Силите за безбедност користеле боева муниција врз демонстантите, јавија американските медиуми.
Во светиот шиитски град Наџаф е убиен еден демонстрант, а најмалку 35 лица биле повредени кога полицијата пукала со боева муниција врз демонстрантите за да ги смречи да влезат во зградата на иранскиот конзулат, изјави претставник на полицијата.
Демонстрантите го симнале иранското знаме од зградата на конзулатот и го замениле со ирачкото. Припадниците на персоналот на конзулатот не се повредени и успеале да побегнат од зградата. Властите во Наџаф воведоа полициски час.
Овој инцидент ја означува ескалацијата на демонстрациите кои од 1 октомври го потресуваат Багдад и поголемиот дел од јужен Ирак, кој доминантно е шиитски.
Демонстрантите ја обвинуваат владата, предводена од шиитите, дека ја штити корупцијата, и го истакнуваат незадоволството заради лошите услуги на јавните служби и високата невработеност.
Ново на Сител
-
Мерц: Трамп ја прифати поканата да ја посети Германија
-
Се распаѓа сојузот Маск–Трамп: меѓусебни обвинувања и пад на акциите на Тесла
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид
-
Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам
-
Лекари без граници: Лекари од Газа даруваат сопствена крв на пациенти откако десетици луѓе беа застрелани и бараа помош
-
Сончево и многу топло, попладне дожд и грмежи
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар