Ирачката војска во офанзива против ИД во градот Хит
Офанзивата на ирачките сили врз припадниците на Исламската држава во близина на градот Хит, принуди околу 35.000 луѓе да ги напуштат своите домови, соопшти портпаролот на американската војска полковникот Стив Ворен, пренесува Танјуг.
По пат на видео-конференциска врска од Багдад, Ворен наведе дека сега предизвик на ирачката Влада е да ги згрижи тие луѓе.
Тој додаде дека коалицијата на чело со САД, заедно со хуманитарните организации, прави се што може за да ја олесни нивната ситуација.
Откако ИД ја врати контролата врз градот Рамади во декември минатата година, ирачката војска сега поаѓа во офанзива во долината на реката Еуфрат, кон градот Хит кој е од стратешко значење, наведуваат американските медиуми, пренесува Танјуг.
Ворен додаде дека ирачките сили заробиле 149 борци на ИД кои се обиделе да се измешаат со цивили, и нагласи, оти верува дека ИД сега е во дефанзива.
Ново на Сител
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест