Интензивни подготовки на македонските младински репрезентации во пинг-понг
Во пресрет на натпреварувањата кои следуваат во иднина Пингпонгарската федерација на Македонија ги интензивира подготовките на репрезентативците во сите младински категории.
Државните прваци во категорија на млади кадети, Љупчо Треновски и Фани Јовановски заедно со тренерот Мартин Стаменковски учествуваат на тренинг камп во Подгорица, Црна Гора на кој учествуваат 50 играчи од 20 држави и 34 тренери. Кампот во Подгорица е под покровителство на ЕТТУ и е наменет исклучиво за млади таленти.
Останатите играчи, членови на репрезентацијата се наоѓаат во Струмица каде во организација на ППФМ се одржува тренинг камп во кој се вклучени селекторот на државните репрезентации, тренерите на младинските категории и спаринг партнери од Македонија и странство.
– Со овие подготвителни тренинг кампови продолжува планот на пинг понгарска федерација онаму каде што застана реализацијата на програмата за подигање на квалитетот на македонскиот пинг понг во младинските категории, со цел репрезентативците достојно да ги бранат боите на државниот дрес на меѓународните натпреварувања кои следуваат, соопштија од ППФМ.
Ново на Сител
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија
-
Кривична пријава за шест затворски полицајци од Идризово - помогнале во бегство на група осуденици
-
Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно