Интегрирање етнички малцинства на пазарот на труд
Проект „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“, финансиран од Европската унија денеска ќе биде презентиран во општина Аеродром.
Настанот е наменет за сите млади луѓе и жени (студенти и невработени), претставници на приватниот сектор и компании, кои се потенцијални работодавачи. Поканети се и претставници на релевантни институции и организации што работат на полето на поддршка и јакнење на економскиот потенцијал на младите и жените, како и претставници на локалната самоуправа.
- Главна цел на проектот е да им помогне на младите луѓе и жените преку зголемување на нивната конкурентност на пазарот на трудот и капацитетите за вработување и самовработување, со цел формирање нови бизниси, како и создавање движечка сила, која ќе овозможи континуирано градење на капацитетите и поддршка на професионалниот развој, информира општина Аеродром.
На настанот ќе биде презентирана планираната проектна програма која ќе вклучи-обуки за вработување и самовработување, обуки за започнување бизнис, ИТ-курсеви, курсеви по англиски јазик, работни практики во повеќе компании, креативни работилници, менторски сесии, он-лајн курсеви за развој на вештини и лансирање на одржлива платформа за е-учење, бизнис план натпревар и финансиска помош од 3.000 евра за пет бизнис идеи.
Проектот го имплементираат Фондацијата за претприемачки сервис за млади (координатор), ЗИП Институт, Ромската организација на жените „Даја“, како и Фондација Футуре 21.
Повеќе информации може да се најдат на www.pretpriemac.mk.
Ново на Сител
-
Папата Франциск: Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви
-
Вонредна седница на Парламентот на Србија на 29 јануари, ќе се расправа и за доверба на владата
-
Кузмановски: Покажавме како се игра за Македонија, има многу простор за напредување
-
АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри
-
Одложени неколку летови на Скопскиот аеродром
-
Во Турција уапсени 15 лица поради пожарот во ски-центарот Карталкаја
-
Десетици илјади Германци протестираа во Берлин против зголеменото влијание на екстремната десница
-
Скопјанец следел 19-годишна девојка од трговски центар до зграда по што сексуално ја нападнал