Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица
До Левица пристигнаа информации дека во општината Липково, улица во селото Матејче, од 2021 година го носи името на, како што стои во официјалното соопштение на општината, „маченик на нацијата“, односно, припадник на терористичката УЧК - Иљаша Мемеди. Дополнително, најголем дел од сообраќајните табли во општината со која раководи кадар на ДУИ, се напишани единствено на албански јазик, што е спротивно на Законот за употреба на јазиците.
Согласно овој закон, член 1, став 1: „на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“, - а за прекршување на овој член, предвидена е казнена, глоба од 4 000 до 5 000 евра!
Оваа комбинација на глорифицирање на необалисти и терорист, како и прекршување на законите на Република Македонија, се најголем показател за целосното непочитување на Републиката, од страна на необалистичките политички субјекти, кои додека живеат и се богатат од една држава, сонуваат и работат за друга!
Левица јa повикува централната власт и Инспекторат за употреба на јазиците да го оправда своето постоење, и како институција да го санкционира ова однесување на градоначалникот на општина Липково - Еркан Арифи! Ваквите постапки, освен што ја крши законската регулативна, дополнително претставуваат тенденција која го поткопува унитарниот карактер на државата.
Левица
Ново на Сител
-
Бајден: На американската тајна служба и треба повеќе помош и работна сила
-
Градоначалникот на Белград повторно зборува за селење на гробот на Тито од Куќата на цвеќето
-
Осомничениот за обидот за убиство на Трамп пред федералниот суд на Флорида
-
Тепачка помеѓу две сестри во Скопје
-
25-годишник нападнат во Аеродром од три лица - му се заканиле и со пиштол
-
Герапетритис: Договорот од Преспа има задолжителен карактер и обврски што треба во потполност да се почитуваат
-
Министерството за спорт ќе ја реконструира спортската сала во кампусот на УКИМ
-
УХМР: Август годинава екстремно топол и просечно врнежлив до сушен месец