Иновации во месната индустрија
„Добрите микроорганизми ја зголемуваат безбедноста на производите од месо“ е темата на денешната панел-дискусија што ја организира данската компанија Цхр Хансен.
Потрошувачки трендови во месната индустрија, Враќање кон традицијата, Добри спроти лоши бактерии – промена во парадигмата, Безбедна храна, Патогени микроорганизми во месото, Како да се означи употребата на добрите бактерии на пакувањето, се само некои од темите на кои ќе зборуваат учесниците.
- Сакаме да ги донесеме иновациите во Македонија и да ги искомбинираме барањата и очекувањата на потрошувачите за производите од месо, законските рамки за безбедност на храната и техничките аспекти при апликацијата на т.н сејф про култури, вели Мери Илиеска од Цхр Хансен.
Според неа, безбедноста во производите од месо се зголемува на природен начин со употреба на лактобацили, микроорганизми кои потекнуваат од месото. Производителите имаат можност да ги исполнат барањата на потрошувачите за поприродни, поздрави и вкусни производи од месо.
На семинарот ќе учествуваат домашни и странски експерти, професори од Факултетот за земјоделски науки и храна и Институтот за храна при Факултетот за ветеринарна медицина
Цхр Хансен ја отвори првата канцеларија во Македонија во септември 2014 година на Факултетот за земјоделски науки и храна.
Ново на Сител
-
Првата група украински пилоти ја завршија обуката во САД за управување со Ф-16
-
Елмедин Конаковиќ најави протестни ноти до земјите што беа против резолуцијата за Сребреница
-
Осуммина убиени со напад со нож во Кина
-
Русија вели дека ИД стои зад смртоносниот напад во московската концертна сала
-
Десетици жртви во повеќенеделен топлотен бран во Мексико
-
Честитка од Љупчо Димовски, претседател на СПМ по повод 24 мај
-
Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска Давкова во Рим на чествување на Денот на сесловенските просветители