-->
-->
Индија: Воз прегази 16 работници мигранти
-->
Воз во Индија денеска прегази работници мигранти кои спиеле на пруга, при што загинале најмалку 16 лица кои наводно биле на пат кон своите села, соопшти Министерството за железница.
Десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови и тргнаа пеш од поголемите индиски градови, откако ги загубија своите работни места поради карантинот поради коронавирусот од крајот на март. Возачот се обидел да го запре товарниот воз кога видел работници на пругата во западната сојузна држава Махараштра, изјави министерот Пијуш Гојал. Се спроведува истрага за несреќата.
Целиот јавен превоз е во прекин, така што работниците мигранти кои одат дома честопати мора да патуваат пеш долги растојанија. Владата го продолжи карантинот до 17 мај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска