Инциденти на протестите во Солун и Атина
Помали инциденти избија на протестите што се одржуваат во Солун и Атина, организирани од учениците и студентите во рамки на активностите за одбележување на 10-годишнината од убиството на Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина.
Во грчката престолнина, група маскирани лица се оддели од поворката и ја нападна полицијата со камења и предмети, на што специјалните полициски сили одговорија со солзавец и шок бомби. Според грчките медиуми, приведени се две лица.
Во инцидентите кои траеја кусо, маскираните лица нанесоа материјална штета на неколку продавници и на автобуски постојки.
Слична е ситуацијата и во Солун. Група маскирани лица ја нападнале полицијата со молотови коктели, која одговорила со солзавец и шок бомби.
Главните протести за одбележување на годишнината од убиството на Григоропулос се закажани за во 18 часот по локално време.
Ново на Сител
-
Исплатени 49 658 739 денари поддршка на 761 оризопроизводител
-
Кривична против две лица, поради обид за убиство и насилство во Кочани
-
Брнабиќ: Здравствената состојба на Вучиќ е сериозно нарушена, примен е на ВМА
-
Зеленски: Киев не може да ја „гарантира безбедноста“ на светските лидери при посета на Москва
-
Пентагон: Украина доби можност да обучува и одржува борбени авиони Ф-16
-
Антонели ја освои пол-позицијата во квалификациите за ГН на Мајами
-
Дваесет и еден кандидат за нов македонски судија во Судот во Стразбур
-
Три лица осомничени за тешка кражба од казино во Бутел