„Имерсија“: Грција загуби 50 милијарди евра поради „одливот на мозоци“
Од почетокот на финансиската криза, Грција загуби околу 50 милијарди евра поради емиграцијата на млади и образовани кадри во странство, тврди во денешното издание грчкиот весник „Имерсија“.
Според весникот, од 2008 година, па досега, само од иселувањето на Грци со вишо и високо образование, грчкиот бруто домашен производ на годишно ниво се намалил за по12,9 милијарди евра.
На тој начин „одливот на мозоци“ стана главна „извозна стока“ на Грција, оценува „Имерсија“.
Весникот наведува дека во периодот од средината на 2008, па до првата половина на 2016 година, според проценките, од Грција емигрирале меѓу 350 и 427 илјади лица, од кои најголемиот дел заминале во Велика Британија или Германија.
- Интересен е фактот дека грчката држава за образование на овие луѓе потрошила околу осум милијарди евра, наведува „Имерсија“.
Ново на Сител
-
Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица
-
Вучевиќ: Викендов ќе се одржи првиот состанок за движењето за народот и државата
-
Кривична пријава против шест лица за несовесно работење во службата
-
Просечната нето плата во јануари 43.050 денари
-
Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци
-
Почина 18-годишниот Вукашин, шеснаесетта жртва на трагедијата во Нови Сад
-
Отворена истрага за пожарот во Кочани
-
Приведени тројца дилери