-->
-->
Именувани нови седум в.д. директори на три средни и четири основни училишта во Прилеп
-->

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски именуваше нови седум вршители на должноста директори на три средни и четири основни училишта, соопштуваат од Кабинетот на прилепскиот градоначалник
За нов в.д. директор на СОУ„Ѓорче Петров“ е именуван Страшо Ѓорѓиоски на местото од досегашниот директор Дејан Димоски, а нов в. д директор на СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ е поставена Билјана Маркоска на местото од Васил Гајтаноски. Димитријанка Манолева е нов в.д директор на СОУ „Орде Чопела“ на местото од досегашната директорка Елизабета Трајкоска.
На ООУ „Гоце Делчев“ денеска за нов в.д. директор е поставен Веле Ѓорѓиоски, кој го замени досегашниот директор Трајче Каралиоски. На ООУ „Кочо Рацин“ нов в.д. директор е Зора Чадамова на местото од Петре Крагуески, во ООУ „Круме Волнароски“ во селото Тополчани за в.д. директор е именувана Јасмина Караниколова на местото од Дејан Бунтески, а за нова в.д директорка во ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ е назначена Кети Стевананџија на местото од досегашниот директор Николче Кузески.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Опозицијата обвинува за селективна истрага, власта вели одговорноста ќе има име и презиме
-
Посебен сообраќаен режим
-
Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства
-
Поддршка од Израел
-
Боре Видевски негира дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче
-
Муртезани: Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од инструментот за реформи и раст од ЕУ
-
Две лица убиени во пукотници во Волково
-
Четири пациенти во критична состојба