Има седум месеци и само 1,6 килограми, а неговата приказна ќе ви го промени погледот кон животот
Малиот Метју Ридл Трети има седум месеци, а многумина би го помешале со новороденче. Кога се родил бил тежок 450 грама, а установена му е тешка болест.
Неговата мајка Женевив Кук од Луисвила морале да ја породат порано отколку што е вообичаенои, во 28та недела. Докторите приметиле дека со фетусот нешто не е во ред, па затоа индуцирале породување.
Кога ја видел светлината на денот бил тежок само 450 грама и го облекувале во облека за девојчиња.
- Пред да не пуштат од болница после 98 дена ни кажаа дека има микроцефалија. Ни објаснија дека неговиот мозок престанал да се развива и дека веројатно нема долго да живее, изјавила Женевив за wlky.com.
После три месеци стигнале резултати од новите анализи кои потврдиледека ова дете има редок облик џуџест раст. Тоа што е најважно е дека Метју ќе има нормален живот, може да оди во училиште, да се развива, учи, игра, но секогаш ќе биде мал. Моментално има околу 1,6 килограми.
- Многу луѓе не охрабруваат и тоа е убаво од нив. Но, постојат и такви кои се шокирани со неговото појавување и не можат да им веруваат на своите очи кога го гледат, додала мајката на ова дете.
Желбата за живот на овој мал лепотан е тоа што го охрабри неговото семејство. И резултатите од анализите се позитивни, така што за некоја година Метју ќе трча низ паркот и ќе ја шутира топката.
Родителите отвориле веб страна преку која собрале околу 7 илјади долари, а отвориле и спрецијална страница на Фејсбук посветена на детето кое има и двајца постари браќа.
Ново на Сител
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата
-
Земјоделците се жалат, УЈП испраќа опомени, но не ги исполнува своите обврски
-
Oрганизиран превоз во општините за ученици
-
Детектор: Жените ги рушат бариерите