Илјадници лица евакуирани во северна Австралија поради приближувањето на циклонот Деби
Илјадници лица, вклучувајќи туристи беа евакуирани денеска од крајбрежните градови во северна Австралија поради приближувањето на силниот циклон Деби, јави ДПА.
Се очекува циклонот да стаса до Северната територија на Австралија утре наутро, со ветрови со брзина до 240 км/ч по линијата на крајбрежјето, долга 100 километри, соопшти метеоролошката служба.
Премиерот Малком Трнбол предупреди дека луѓето кои живеат во областите каде што се очекува да погоди циклонот, треба да одат на безбедно место.
- Добивме официјална наредба за евакуација и заедно со своите семејства треба веднаш да се евакуираат, рече тој. Федералната влада и силите за одбрана тесно соработуваат со провинциската влада за да реагираат на природната стихија, додаде Трнбол.
Циклонот се формираше пред неколку дена на отворено море, во близина на брегот на Квинсленд и се очекува на копно да стаса утре наутро.
Евакуирани се 3.500 лица од градовите Хоум Хил и Прозерпајн, на стотина километри од туристичкиот град Таунсвил. Наредба за евакуација ќе биде издадена и за други 2.000 лица. Затворени се стотина училишта.
Ново на Сител
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава
-
Тема на денот со проф. Д-р Марија Јовановски Срцева, директорка на ТОАРИЛУЦ
-
Штипска Апелација утре ќе одлучува за притворите на екс градоначалниците на Кочани
-
СДСМ и ДУИ бараат анкетна комисија во Собрание за истрагата за Кочани
-
Како се вршат проверките за безбедност во станбените згради?
-
Нема да се затвораат училишта и градинки, властите проверуваат дали се опремени со ПП апарати