Македонија
29. July 2021 - 20:44

Илјадници граѓани го дочекаа Дејан Георгиевски на плоштад „Македонија“ | ФОТО

Македонскиот олимпиец во таеквондо Дејан Георгиевски со олимпиското сребро на вратот, пристигна на плоштад Македонија, каде е организиран голем пречек за спортскиот херој.

Со големи овации Дејан, кој на Олимписките игри во Токио освои сребрен медал за Македонија во категоријата +80 килограми, беше пречекан од голем број лица.

Се вејат македонски знамиња и се извикува неговото име. Нашето златно момче Дејан кој освои сребро на Олимпијадата помина под Триумфалната порта.

Граѓаните го поздравуваат свиркајќи од автомобилите и извикувајќи го неговото име.