ИЈЗ: Намалување од 37,2% на нови случаи и намалување од 37,1% на починати
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 03 до 09 мај 2021, тестирани се вкупно 15.781 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,4% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.304 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 37,2% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=482; 37,0%), со неделна инциденца – 78,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 169,9/100.000 е регистрирана во Виница.
Процентот на позитивност се движи од 2,5% до 12,2%, просечно 7,5%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=508, 39,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=227; 17,4%), 50-59 (n=208; 16,0%), 30-39 (n=176; 13,5%) и 20-29 (n=106; 8,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=26; 2,0%) и 10-19 години (n=53; 4,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најголемо процентуално намалување кај лицата до 39 години (41,1%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.502 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 12,2% во споредба со минатата недела.
Пријавени се 105 смртни случаи од 21 град, 37,1% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 91 лице биле над 60 години, 6 лица на
возраст од 50-59 години, 5 лица на возраст од 40-49 години, 2 лица на возраст од 30-39 години и едно лице на возраст од 20-29 години.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 03 до 09 мај 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата