Игор Атанасов најуспешен на меѓународниот гастрономски натпревар „Македонија 2016“
Игор Атанасов од ресторанот „Фурна“ е најуспешниот Македонец на првиот меѓународен гастрономски натпревар „Македонија 2016“, што се одржа на 18 и 19 октомври во Скопје. Тој го освои највисокото одликување, Гранпри во категоријата национално јадење на модерен начин.
Организаторот на натпреварот, Здружението „Гастро Мак“ информира дека македонските гастрономи беа домаќини на 200 гости, меѓународни судии и натпреварувачи од повеќе држави-Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Италија, Романија, Швајцарија, Словачка, Шведска, Турција, Израел и Египет.
На натпреварот доделени се повеќе награди. Во категоријата подготовка на пилешко, индивидуално, сениори, најдобар е Милош Јовановиќ, шеф на кујна во ресторан „Мали врабац“ на Скадарлија во Белград.
Гран при во категоријата подготовка на риба, индивидуално, сениори, освои Ивица Алексов од Словенија, а Гран при екипно, во јуниорска категорија, освои тимот на ХОРЕКА Асоцијација Крагујевац, Србија.
Наградата Гран при во јуниорска категорија, подготовка на риба – поединечно освои Ермалд Тото од Албанија. Во јуниорска категорија тестенини–поединечно најдобар е Никола Младеновиќ од Високата угостителска школа во Лесковец, Србија.
Здружението „Гастро Мак“ соопшти дека се задоволни од заинтересираноста на средните угостителски училишта и факултетите за туризам и гастрономија, кои пријавиле свои екипи и постигнале извонреден успех.
Ново на Сител
-
Приведен крадец во Тетово, следува соодветна пријава
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на Владата
-
Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче, се очекува да сведочи Гоце Трајковски
-
Авион со 10 луѓе исчезна на Алјаска, потрагата е во тек
-
МВР: Дојавите за бомби во училиштата се лажни
-
Мицотакис денеска на Санторини – продолжуваат земјотресите на островот
-
Без струја утре дел од општина Центар
-
Мицкоски ќе присуствува на доделување на станови на социјално ранливите семејства во Општина Велес