ИДФ: Убиен командантот на Хамас, кој го предводеше нападот на 7 октомври
– Израелските безбедносни сили (ИДФ) денеска соопштија дека во неодамнешниот воздушен напад врз Појасот Газа убиен е командант на Хамас, кој го предводеше нападот врз Нетив Хасара на 7 октомври минатата година.
Ахмед Фавзи Насер Мухамед Вадија е помеѓу осумте терористи на Хамас убиени во воздушен напад врз комплекс што го користеше терористичката група во близина на болницата Ал Ахли во градот Газа.
ИДФ наведе дека Вадија бил командант на четата Нукба, која упадна во Нетив Хаасар со параглајдер.
Другите седум терористи убиени во нападот врз градот Газа исто така биле членови на баталјонот Дарај-Туфа.
ИДФ тврди дека еден од нив бил вклучен во снабдувањето со бомби што ги користела терористичката група за да ја пробие безбедносната бариера во Газа на 7 октомври.
Ново на Сител
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
Со таблички во боја ќе се спречува злоупотребата на службени возила
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Потребни итни реформи во судството, состојбата е алармантна