Тенис
11. August 2017 - 10:38

И со 47 грешки Федерер напредува во Монтреал

Роже Федерер во тежок меч во кој направи дури 47 грешки успеа да го елиминира Давид Ферер и да се пласира во осминафиналето на турнирот во Монтреал. 

Швајцарецот славеше против шпанскиот ветеран со 4:6, 6:4, 6:2 и ја продолжи серијата од 16 победи против Ферер со што обезбеди меч против Роберто Баутиста - Агута кој беше подобар од Гаел Момфис.